Коки: „Волшебната бројка во животот е бројката два: Треба или да се дигнат два прста, или две нозе“

Објавено на 7 октомври, 2024 во 11:12

Не успеав да го запазам терминот за пријавување и учество на конкурсот за афоризми насловен како „Живот” но затоа на моите читатели на Дума им ги приложувам неколкуте афоризми на оваа тема:

Животот без жени е празен, а со нив полн со проблеми.“

„Понекогаш животот знае да биде мошне непредвидлив и суров: Ќе се ожените со ангел, а потоа ќе сфатите дека живеете во пеколот.“

„Волшебната бројка во животот е бројката, два: Треба или да се дигнат два прста или две нозе.“

„Целата среќа во животот не ја сочинуваат само материјалните богатства и парите, треба нешто да се има и во гаќите.“

„Во текот на животот ,многуте луѓе се присилени да лажат, впрочем како би постоеле толку многу среќни бракови.“

„Како во животот, така и во шахот, исклучителен јак потег е кога ќе успеете да ја освоите противничката дама.“

„Најчесто во животот е како и на фудбалски терен: Штом некој ќе се обиде да ве претекне, вие го сопнувате.“

Вашиот афористичар,

Никола Бошковски КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.