Колев: Рацин ни покажа што значи да се живее, љуби и твори без компромис (видео и фото)

Објавено на 11 јуни, 2023 во 16:44

Овие шеесети „Рацинови средби“ се обединети под слоганот „Рацин без компромис“ и преку него го славиме неговото наследство, јазикот и културата,рече градоначалникот на Велес Марко Колев вчера вечер на свеченото отворање на културно поетската манифестација.

Во Спомен костурницата во Велес, каде свеченоста се одржа, на годинешниот добитник писателот Блаже Миневски му беше врачено „Рациновото признание“ за 2023 година за романот „Ако се родат некакви чувства“.

Миневски се заблагодари велејќи:

Годинешната „Беседа за Рацин“ ја одржа д-р Васил Тоциновски кој поетот, револуционер и основоположник на современата македонската литература го анализираше преку неговата биографија и творештво. Велејќи дека во животот, случајности не постојат, Тоциновски, додаде дека тоа правило особено се однесува на втемелувачот на современата македонска литература.

„Рацин ги сакаше жените, а тие го сакаа нашиот Рацин“ додаде д-р Тоциновски кој вчера вечер го анализираше животот на поетот преку Свето љубовно тројство поточно неговата љубов кон трите жени Руменка Хаџи Панзова, Марина Поп Иванова и Невенка Вујиќ откако ја спомна и Рахилка Фирфова но и љубовта кон неговата мајка Марија Солева.

Програмската целина „Рацин без компромис“ содржеше и изведби на два театарски перформанси.

Во рамките на свеченоста, исто така, свежо цвеќе беше положено на спомен обележјето внатре во костурницата како и пред двата споменици на Кочо Рацин во родниот Велес.

Свеченото отворање на Рациновите средби, вчера вечер, не претставуваа предизвик да се вклучи осветлувањето на горниот дел на Спомен костурница ниту да се појача во долниот дел, на платото. Гостите и учесниците на манифестацијата светеа со личните мобилни телефони за да се симнат по 180 скали од споменикот до платото.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.