Шест нови афоризми од „Коки“ за многу понеделнички насмевки

Објавено на 5 септември, 2022 во 10:47

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник испрати шест нови афоризми преку којшто ја прикажува реалноста на секојдневието. Овие афоризми ќе предизвикаат насмевка на вашето лице што е и негова главна цел. Уживајте!

-Среќната жена има потковица а паметната … коњ.

-Ако после долго време чувствувате потреба да го видите својот пријател, вратете се одненадеш дома од службеното патување.

-Со рестрикцијата на струјата и  ограничувањата на грејните тела ќе бидете мошне благодарни ако комшивката ви го загрее креветот.

-Чудно некое време, ниту чесните жени не се во состојба толку лесно да пронајдат некој швалер.

-Ако сопругата ви е последната дупка на вашата свирка, тогаш и вие сте последната свирка на нејзината дупка.

-Од сите спортисти, единствено најбезбедно се чуствуваат одбојкарите: нив секогаш ги заштитува мрежата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.