Шест нови афоризми од „Коки“ за многу понеделнички насмевки
Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник испрати шест нови афоризми преку којшто ја прикажува реалноста на секојдневието. Овие афоризми ќе предизвикаат насмевка на вашето лице што е и негова главна цел. Уживајте!
-Среќната жена има потковица а паметната … коњ.
-Ако после долго време чувствувате потреба да го видите својот пријател, вратете се одненадеш дома од службеното патување.
-Со рестрикцијата на струјата и ограничувањата на грејните тела ќе бидете мошне благодарни ако комшивката ви го загрее креветот.
-Чудно некое време, ниту чесните жени не се во состојба толку лесно да пронајдат некој швалер.
-Ако сопругата ви е последната дупка на вашата свирка, тогаш и вие сте последната свирка на нејзината дупка.
-Од сите спортисти, единствено најбезбедно се чуствуваат одбојкарите: нив секогаш ги заштитува мрежата.
Афористичар
Никола Бошков – Коки