Ликовен настан во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино обедини истакнати уметници

Објавено на 16 октомври, 2025 во 10:25

Во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ кај Неготино се одржа ликовен настан под наслов „Македонски ликовен хепенинг“, на кој учествуваа реномирани уметници од регионот. Настанот беше поддржан од Министерството за култура и туризам, а организатор беше Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино.

Во инспиративната манастирска атмосфера, уметниците создадоа бројни дела, кои ќе бидат презентирани на претстојната изложба во фоајето на Центарот за култура. Директорката на установата, Виолета Стојановска, изјави дека овој настан е уште едно потврдување на долгогодишната и плодна соработка меѓу уметниците од Неготино и Кавадарци.

-Во прекрасниот амбиент на манастирот „Св. Ѓорѓи“ беа создадени навистина вредни уметнички дела. Задоволство е што уметници со долгогодишно искуство и богата биографија повторно се собраа на едно место и ја споделија својата креативност, изјави Стојановска.

Изложбата со делата од хепенингот ќе биде отворена за јавноста во наредните денови.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.