Нови шест афоризми за оваа седмица на афористичарот Никола Бошковски Коки
Велешанецот кој неуморно твори и се бори, бар на момент, да ве оттргне од секојдневните проблеми преку измамување на насмевка за неделава ви ги напиша следниве шест афоризми:
„Жените се како убавата белетристика,највозбудливо е кога ќе дојдете до средината.
Докторите велат дека оловото ја намалува интелегенцијата кај човекот,особено ако тоа го почуствува по главата.
Ако над попот има поп,тогаш што прави попадиката?
За разлика од луѓето кај камилите не постојат социјални разлики ,сите се грбави.
На земјината топка не и тежи толку пренаселеноста,колку што и „тежи” огромната бројка на тешки луѓе.
Нашите борачи несомнено посакуваат противниците да им лежат на душекот онака, како што денес лежат административците на своите работни места.“
Афористичар
Никола Бошковски КОКИ