Поетско читање во ССОУ„Коле Неделковски“
Објавено на 23 мај, 2023 во 16:01
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/05/Poeti-fin-1.png)
Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин ” од Велес во чест на денот на сесловенските просветители ,,Св.Кирил и Методиј” реализираше поетска средба со учениците на ССОУ„Коле Неделковски“. Поетската средба се одржа во просториите на училиштето, кое беше соработник на културниот настан.
Роднокрајните поети и учениците читаа поезија. По настанот училиштето доби донација во книги за училишната библиотека од страна на членовите на велешкиот Клуб на писатели.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)