Празничен афористички поздрав од афористичарот Коки

Објавено на 25 октомври, 2022 во 10:22

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Честит 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Борба. Уживајте во афоризмите и смејте се повеќе!

-Никој од нас ја нема привилегијата сам да си ја одбира својата судбина, ниту пак, од неа може да побегне.

-Честопати сум исправен пред дилемата: дали и ние сме деца на револуцијата, или…и нас не донел штркот.

-Луѓе, не ви вреди многу обидот совршено да владеете неколку јазици: жените нема никогаш да ве разберат.

-Зошто за мојот сосед велат дека бракот му е црн, кога неговата сопруга час позеленува, час помодрува.

-И во најголемите и најуспешни понекогаш се случува да затекнете директор…без гаќи.

-За разлика од фудбалот, гол-разликата во  љубовта не се мери со голови, туку…со сантиметри.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.