Празничен афористички поздрав од афористичарот Коки
Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Честит 23-ти октомври, ден на Македонската Револуционерна Борба. Уживајте во афоризмите и смејте се повеќе!
-Никој од нас ја нема привилегијата сам да си ја одбира својата судбина, ниту пак, од неа може да побегне.
-Честопати сум исправен пред дилемата: дали и ние сме деца на револуцијата, или…и нас не донел штркот.
-Луѓе, не ви вреди многу обидот совршено да владеете неколку јазици: жените нема никогаш да ве разберат.
-Зошто за мојот сосед велат дека бракот му е црн, кога неговата сопруга час позеленува, час помодрува.
-И во најголемите и најуспешни понекогаш се случува да затекнете директор…без гаќи.
-За разлика од фудбалот, гол-разликата во љубовта не се мери со голови, туку…со сантиметри.
Афористичар
Никола Бошков – Коки