Празничен афористички поздрав од велешкиот афористичар Коки

Објавено на 21 ноември, 2022 во 11:14

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник издвои шест од своите афоризми за многу понеделнички насмевки. Уживајте:

-Можеби нашето електро стопанство ќе успее да обезбеди енергетска стабилност, ако освен струја, се определи да увезува ЕЛЕКТРИЧНИ ЕГУЛИ.

-Она што го имаат некои мажи, жените го имаат во малиот прст.

-Откако сообраќаецот ја запраша дали со себе ја носи задолжителната зимска опрема, таа започна да му ги покажува дебелиот џемпер, високите чевли и бундата.

-Многумина луѓе знаат многу повеќе што му недостига на својот автомобил отколку што им недостига во бракот.

-Вие отпрвин не ги плаќате некои жени за да воздивнуваат, туку отпосле, за да молчат.

-Постои можност во текот на мундијалот луѓето наполно да престанат да се интересираат за жените, освен ако овие не започнат масовно да играат фудбал.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.