Претставата „Буба у уху” во изведба на Аматерски театар на Центар за култура од Ковин вечерва пред кавадарчани
Љубителите на театарската уметност вечерва на сцената на Дом на култура во Кавадарци ќе имаат можност да ја проследат претставата „Буба у уху“ работена според текст на францускиот комедиограф Жорж Фејдо,во изведба на Аматерски театар на Центар за култура од Ковин. Почетокот е во 20:00 часот.
Аматерскиот театар Ковин постои и успешно работи веќе 70 години и дава голем придонес во развојот и афирмацијата на драмското творештво во Јужен Банат, Војводина и во Србија. Овој театар до 1978 година работел како аматерски театар на Културниот центар Ковин, потоа се осамостои и работи како Аматерски театар Ковин во рамките на програмската продукција на Културниот центар Ковин.
Најуспешни периоди на работа на ковинските актери аматери се во периодите од 1968 до 1971 година, од 1976 до 1978 година, од 1995 до 1999 година и од 2006 до 2015 година. Со напомена дека од сезоната 2007/2008 до 2015 година континуирано е добитник на награди.
Аматерски театар Ковин од 2007 до 2023 година редовен е учесник на Покраинската изложба на аматерски театри, а учествувал и седум пати на Републичката изложба во Кула. Исто така актерите аматери учесници се и на Меѓународниот фестивал во Требиње, Фестивал „Репасаж“ во Убо, ФЕДРАС, ФЕТРА во Јаша Томиќ како и успешни гостувања во Унгарија и Романија. Театарот гостувал и на фестивалот за младинска култура во Књажевац, призренските театарски свечености и други места дома и во странство.
Убавка Јаневска