Проекција на филмот „Фамилија“ во Дом на култура во Кавадарци

Филмското остварување е социјална драма чие дејство го пресликува неморалот во општеството. Приказната се развива преку група на тинејџерки кои се сместени во дом за резиденцијална нега со социјални работници. Ова принудно „семејно“ искуство создава неочекувани тензии и интимности. Еден инцидент предизвикува синџир на прекумерни реакции. Падот ги открива слабостите на ретроградниот малолетнички систем, како и демоните што ја прогонуваат „фамилијата“.
Филмот со времетраење од 110 минути, снимен е во Швајцарија и е во режија на Фред Баилиф. Препорачливо е публиката што ќе го гледа да биде постара од 12 години.
Прикажувањето на филмот во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е закажано за четврток, 4 мај, 2023 година, со почеток во 19:30 часот.
Дума.мк
