Промоција на книгата „Песнопојност“ во Велес

Објавено на 9 јуни, 2024 во 15:35

Книгата „Песнопојност“ е  збирка песни на група автори од конкурсот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци“ од Торонто, во Канада,  што ја издаде Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес. Рецензент и промотор на стихозбирката е проф. д-р Виолета Ачкоска.

-Уредник на книгата и домаќин на настанот, вчера во Велес, беше Вера Благојевиќ која се погрижи се да помине во прекрасна атмосфера со посебните  гости Жифко Поповски Цветин и нашата музичка естрадна легенда Драган Мијалковски. Гостите ги поздрави претседателот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци “ Торонто, г-дин Зоран Карапанчев кој беше присутен со својата сопруга Весна Карапетрова, рече претседателката на велешкиот Клуб на писатели, Лили Арсова .

Наградени од овој литературен конкурс се проф. д-р Виолета Ачкоска која ја освои првата награда, Оливер Глигоров на втора награда  и велешанецот Диме Костов на трета награда. Наградите пред присутните писатели, поети и гости им ги врачи претседателот Зоран Карапанчев.

На промоцијата, што се одржа во ресторан „Сангрија“, присуствуваа гости поети кои се застапени во книгата „Песнопојност“ од цела Македонија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.