Промоција на книгата „Песнопојност“ во Велес
Книгата „Песнопојност“ е збирка песни на група автори од конкурсот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци“ од Торонто, во Канада, што ја издаде Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ Велес. Рецензент и промотор на стихозбирката е проф. д-р Виолета Ачкоска.
-Уредник на книгата и домаќин на настанот, вчера во Велес, беше Вера Благојевиќ која се погрижи се да помине во прекрасна атмосфера со посебните гости Жифко Поповски Цветин и нашата музичка естрадна легенда Драган Мијалковски. Гостите ги поздрави претседателот на литературното друштво „ Браќа Миладиновци “ Торонто, г-дин Зоран Карапанчев кој беше присутен со својата сопруга Весна Карапетрова, рече претседателката на велешкиот Клуб на писатели, Лили Арсова .
Наградени од овој литературен конкурс се проф. д-р Виолета Ачкоска која ја освои првата награда, Оливер Глигоров на втора награда и велешанецот Диме Костов на трета награда. Наградите пред присутните писатели, поети и гости им ги врачи претседателот Зоран Карапанчев.
На промоцијата, што се одржа во ресторан „Сангрија“, присуствуваа гости поети кои се застапени во книгата „Песнопојност“ од цела Македонија.
Убавка Јаневска