Штрковска: Над 500 волонтери создаваат и уредуваат статии на Македонски јазик, прикачуваат и фотографии од државава (Видео)

Објавено на 4 март, 2025 во 12:09

На Википедија, енциклопадијата којашто ја има на интернет, дваесеттина граѓани од Македонија кои се членови на „Викимедија“ се администратори и ја уредуваат преку пишување на текстови на Македонски јазик. Тие заедно со  втора група на доброволци, од различни области и образовни профили, кои ги пишуваат и ги проверува текстовите.  „Викимедија“ работи со осум клубови на доброволци низ Македонија. Меѓу нив има и ученици. И сите работат волонтерски, вели на почетокот на разговорот  за Дума.мк извршната директорка Снежана Штрковска.

Областите на кои се пишуваат статиите на Македонски јазик се различни како заедница, образование, глам, култура а се распишуваат и натпревари како што е за фотографии, додава Штрковска.

Работата на овие ентузијасти е од особено значење за „Википедија“ на Македонски јазик затоашто преку статиите светот ја запознава Македонија. Што поголем број на статии значи и што поголем број на читатели кои на светско ниво читаат информации поврзани со нашата држава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.