Стрип центар на Македонија – Велес на изложба во Рашка, Србија
Изложба на сите пристигнати дела на стрип конкурсот на тема Помирување (регионално помирување после војна), од млади автори од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина како и Косово ќе биде отворена денеска, 8 јуни, во Центар за култура „Градац“ во Рашка, соседна Србија. Сите пристигнати дела се дел од меѓународниот стрип конкурс „All we are saying is give reconciliation a chance“.
-На оваа изложба, како и специјалниот наменски каталог , вклучени се и некои стрипови кои беа поднесени вон конкуренција. Пристигнатите дела од младите автори беа оценети од меѓународно стрип жири составено од уметници од горенаведените земји, пишува во соопштението на Стрип центар на Македонија – Велес.
Според одлуката на жирито донесена во конкуреција на повеќе од 50 стрипови наградени се 10 учесници. Во категорија средношколци прво место е Јелена Павловиќ од Белград, Србија. Воторо место Aнгела Ајтовска од Скопје, Македонија и трето место Aнастасиа Терзиќ од Рашка, Србија. За најдобро сценарио наградена е Ана Мари Пејчиќ од Сараево, Босна и Херцеговина додека за најдобар цртеж Николина Жуљевиќ од Сомбор, Србија.
Исто така, во категорија средношколци првото место го заземала Ана Марија Качева, второто место Бојана Лазаровска и трето место Анастасија Петрковска, сите од од Скопје, Македонија. Најмлад учесник била Маја Ќетковиќ од Будва, Република Црна Гора и специјална награда добила Анастасија Велковска од Скопје, Македонија.
Организатор на овој проект е Стрип центар на Македонија – Велес.
Стефани Манева