Велешки Театар „Џинот“ подготвува нова претстава „Мајка“ од Флоријан Зелер во режија Јордан Витанов

Објавено на 29 ноември, 2024 во 10:57

Првата проба за претставата „Мајка“ на текст од Флоријан Зелери и во режија на Јордан Витанов се одржа вчера во театарот.

Во претставата играат глумците Зорица П. Панчиќ, Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Драматург на претставата е Сашо Димовски и дизајнот е на Филип Коруновски, костимограф Раде Василев, а автор на музиката е композиторот Сашко Костов.

Премиерата на претставата е планирана за крајот на месец јануари 2025 година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.