Викендов во Кавадарци фолклорни средби

Објавено на 12 јули, 2021 во 16:05

Кавадарчани коишто се љубители на ората и танците ќе имаат можност во престојниот викенд да ја проследат манифестацијата „Кавадаречки фолклорни средби“. Манифестацијата ќе се одржи во Домот на култура “Иван Мазов – Климе“. На сцената на културната манифестација во петок, 16 јули, ќе настапат Ансамбл „Македонија“  и КУД „Живинице“ од Босна и Херцеговина. Додека во сабота, 17 јули, ќе настапат ФА “Тиквеш“, КУД “Јане Сандански“ Неготино, АТМИ “Митко Алексов“ Кочани и гостите од Босна и Херцеговина.

Почетокот на фолклорните средби и во двата денови е во 20 часот. Влезот е слободен. Концертите ќе се одвиваат според предвидените протоколи зa ковид-19, со ограничен број публика, поточно  до потполнување на предвидените седишта во салата.

Манифестацијата ќе се одржи со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и на Општина Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.