Викендов во Кавадарци фолклорни средби
Кавадарчани коишто се љубители на ората и танците ќе имаат можност во престојниот викенд да ја проследат манифестацијата „Кавадаречки фолклорни средби“. Манифестацијата ќе се одржи во Домот на култура “Иван Мазов – Климе“. На сцената на културната манифестација во петок, 16 јули, ќе настапат Ансамбл „Македонија“ и КУД „Живинице“ од Босна и Херцеговина. Додека во сабота, 17 јули, ќе настапат ФА “Тиквеш“, КУД “Јане Сандански“ Неготино, АТМИ “Митко Алексов“ Кочани и гостите од Босна и Херцеговина.
Почетокот на фолклорните средби и во двата денови е во 20 часот. Влезот е слободен. Концертите ќе се одвиваат според предвидените протоколи зa ковид-19, со ограничен број публика, поточно до потполнување на предвидените седишта во салата.
Манифестацијата ќе се одржи со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и на Општина Кавадарци.
Стефани Манева