Започнува „Месец на театарот“ во домот на култура во Кавадарци

Објавено на 4 ноември, 2022 во 12:30

Кавадарчани од 9 ноември до 9 декември ќе имаат можност да уживаат во претставите коишто ќе се играат на сцената во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“.  Претставата „Покондирена тиква“ на театар при Дом на кулутра во Кавадарци, во среда, со почеток во 19:30 часот свечено ќе ја отвори манифестацијата.

Во рамки на манифестацијата „Месец на театарот“ љубителите на театарската уметност ќе можат да ги погледнат следниве претстави:

-10 ноември 2022, четврток – „Душички – Брачна игра“ – Премиера на продукција на „Златен заб“ Скопје

 -14 ноември 2022, понеделник – „Како да (не) снимиш мрсен филм“ на Театар при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

-15 ноември 2022, вторник – „Синиот портокал“ – Народен театар „Ј.Х.Џинот“, Велес

-17 ноември 2022, четврток – „Име“ – Театар при Дом на култура „Македонија“ Гевгелија

-22 ноември 2022, вторник – „Пациенти“ – Театар „Провокација“ Скопје

-28 ноември 2022, понеделник – „Секс и лаги“ Народен театар Куманово

Сите претстави ќе започнуваат во 19:30 часот.

Mанифестацијата „Месец на Театарот“ се одвива во рамките на „Кавадаречка културна есен 2022“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.