Започнува „Месец на театарот“ во домот на култура во Кавадарци
Кавадарчани од 9 ноември до 9 декември ќе имаат можност да уживаат во претставите коишто ќе се играат на сцената во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Претставата „Покондирена тиква“ на театар при Дом на кулутра во Кавадарци, во среда, со почеток во 19:30 часот свечено ќе ја отвори манифестацијата.
Во рамки на манифестацијата „Месец на театарот“ љубителите на театарската уметност ќе можат да ги погледнат следниве претстави:
-10 ноември 2022, четврток – „Душички – Брачна игра“ – Премиера на продукција на „Златен заб“ Скопје
-14 ноември 2022, понеделник – „Како да (не) снимиш мрсен филм“ на Театар при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
-15 ноември 2022, вторник – „Синиот портокал“ – Народен театар „Ј.Х.Џинот“, Велес
-17 ноември 2022, четврток – „Име“ – Театар при Дом на култура „Македонија“ Гевгелија
-22 ноември 2022, вторник – „Пациенти“ – Театар „Провокација“ Скопје
-28 ноември 2022, понеделник – „Секс и лаги“ Народен театар Куманово
Сите претстави ќе започнуваат во 19:30 часот.
Mанифестацијата „Месец на Театарот“ се одвива во рамките на „Кавадаречка културна есен 2022“.
Стефани Манева