Што прво ќе сработат кандидатите за Градоначалник на Велес, ако ја добијат довербата на велешани?
Кој ќе биде првиот проект што ќе го реализираат ако ја добијат довербата на велешани ги прашаше Дума.мк тројцата кандидати за нов Градоначалник на Велес?
За кандидатот за Градоначалник на владеачката Коалиција предводена од СДСМ, Ненад Коциќ, приоритет од една страна е реорганизацијата на работата на општинската администрација и на ЈКП„Дервен“ а од друга петте приоритетни капитални проекти од Изборната програма на партијата.
-Општинска администрација и вработени во ЈКП „Дервен“ којшто ќе бидат поефикасни, поуслужливи и подостапни за граѓаните. Останатото се оснесува на првите пет топ проекти кои се поврзани со реконструкција на спортската сала и градскиот парк, проектот„Велес – град без отпад и инвестиции во руралните средини за развој на велешкото село, привлекување на една странска или домашна инвестиција како и инфраструктурни проекти како што се енергетски фасади и фотонапонски панели во училиштата , додаде Коциќ.
Во одговор на истото прашање на Дума.мк, кандидатот за Градоначалник од опозициската коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, Марко Колев, тој доколку ја добие довербата од велешани, прв капитален проект на кој ќе се посвети ќе биде Изградба на катна гаража во центарот на Велес и решавањето на проблемите во сообраќајот во градот.
-Исто така, првиот работен ден ќе ги потпишам сите Решенија за легализација на дивоградби кои се оставени како непотпишани од актуелниот Градоначалник, додаде Колев.
Колев констатираше и дека ќе има фер плеј во реализацијата на проектите како за граѓаните од левата страна на градот, чии жители, со децении сметаат дека е запоставувана во однос на реализирани проекти на десната страна од река Вардар.
Интервенција во подобрувањето на хигиената во Велес е изборот на кандидатот за Градоначалник на „Левица“ Златко Арсов како прв приоритетен проект по којшто ќе следат и останатите што партијата ги има како ударни мерки во Изборната програма за Локални избори 2021.
-Прво ќе го направам Велес убаво и чисто место за живеење а понатаму ќе продолжам со останатите проекти од Изборната програма на „Левица“ како што се сообраќајниот хаос, паркинг местата итн, додаде Арсов.
Кандидатите овие изјави ги дадоа штом и тие го остварија сопственото право на избор на седмите Локални избори во Велес. Кандидатот Ненад Коциќ гласаше на избирачко место во ООУ„Блаже Конески“, кандидатот Марко Колев на избирачко место во зградата на Работнички универзитет додека Златко Арсов на избирачко место во зградата на поранешното ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.
И денеска Дума.мк не можеше да оствари контакт и комуникација со четвртиот кандидат за градоначалник, лицето Семир Алимов од Бошњачкиот демократски сојуз.
Убавка Јаневска