Китев: “Кавадарци бара промени“!

Објавено на 14 март, 2013 во 15:07

“За да се стави точка на политиката која ја гуши слободата и ги ништи нашите перспективи и која донесе страв и рекордна сиромаштија. Кавадарци бара промени за да раскрсти со моќниците кои владеат со кавги и поделби и кои сакаат да контролираат се, економијата, медиумите, нашите животи. Немаме дилеми дека Кавадарци мора да биде место за основање семејство, градење кариера и мирно живеење“ рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на “Сојузот за иднината“, Бетиан Китев.

Тој нагласи дека овие избори не би требало да бидат натпревар на лаги и нереални ветувања, туку  натпревар на идеи и концепти. Тој упати повик до граѓаните на 24 март да излезат да гласаат и да ја изберат најквалитетната понуда,да изберат луѓе кои ќе се грижат за нив.

“Имам визија за нашето Кавадарци. Се кандидирав за градоначалник затоа што е време за фундаментални промени во секој сегмент на нашето општество. Затоа што сакам младите  својата егзистенција  да ја имаат во Кавадарци, затоа што сакам поубава и подобра иднина за сите, развиена европска урбана средина и сестран прогрес и конечно, затоа што сум убеден дека ќе успееме да го направиме Кавадарци место кадесекој ќе го живее својот сон“ рече Китев./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.