Чадиев:Пред вас стои новиот градоначалник и претседател на совет!

Објавено на 22 март, 2013 во 13:07

Последниот ден од кампањата ВМРО ДПМНЕ ја побара довербата од граѓаните за Славчо Чадиев и тимот советници предводени од Александар Колев да ја водат иднината на градот.

Велес е пример за спроведување на достинствени изборни процеси. Таквата пракса мора да продолжи и во иднина, рече денеска кандидатот за градоначалник на Велес на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Славчо чадиев. Според него изборната кампања во изминатите 20 дена во најголем беше во демократски амбиент, исклучувајќи ги ситните политички провокации кои се случија на одредени места.

„Впрочем и заложбите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот беа овие избори да понудат еден друг вид на кампања во која ќе се презентираме себеси, ќе ги презентираме нашите квалитети, кампања во која ќе се судрат идеите и концептите на политичките партии за развој и напредок на Велес

ВМРО – ДПМНЕ во последниве шест изборни циклуси се исправи како водечка политичка партија, пример за останатите, која изборите ги добива со сериозна понуда пред граѓаните, преточена во конкретна програма за реализација“, рече Чадиев.

Според него граѓаните знаат дека избори се добиваат само со понуда на проекти, а не лажни ветувања безидејност и насилство. Рече дека целта на ВМРО ДПМНЕ била во изминатиот период да ја презентираат прогрмата во секој дом, маало и населба и да остварат средба со секој човек.

„Наидовме на одличен прием. Големата и искрена поддршка е доказ дека граѓаните во нас препознаваат партнер за решавање на проблемите и градење на подобра иднина“, рече Чадиев.

Ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање и својот глас да го дадат за него и советниците на ВМРО ДПМНЕ предводени од Александар Колев и со тоа да ги поддржат нивните проекти кои ќе ги реализираат. Рече пред вас стои идниот градоначалник и претседател на совет кој ќе работат за доброто на градот./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.