Филипова: Неготинци во недела донесете ја вистинската, праведната одлука!

Објавено на 22 март, 2013 во 15:08

Одржавме бројни заеднички средби,влеговме во многу домови и прашувавме што мислат и што сакаат граѓаните да се промени, рече кандидатот за градоначалник на Неготино од СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината, Силвана Филипова.

„Заедно со вас ја напишавме програмата за разлика од владејачката партија која немилосрдно ги троши парите за кампања и не се воздржува од уцени,закани и притисоци. Ние Ви пристапивме достоинствено, храбро и принципиелно, затоа што сме секогаш со вас, со граѓаните.Сакам да ви се заблагодарам што ни отворивте врата, што бевте со нас и во најтешкото време ни дававте поддршка.Овие избори не се обични локални избори тие се референдум за промена на катастрофалната политика на Груевски ,на овие избори гласате еднаш но вашиот глас вреди двојно,за промена на локалната власт и одземање на легитимитетот на централната власт,рече Филипова.

Таа посочи дека со програмата на коалицијата Сојуз за иднината нудат промена во општината но тоа не е доволно ако не се промени и централната власт.

„На 24 март искористете ја можноста. Ве повикувам масовно да излезете на гласачките места да победиме два пати,за нашата општина и за победа за цела Македонија.Не заради мене, не заради нас туку тоа сторете го за Вас,за иднината на Вашите деца за иднината на цела Македонија,“ рече  Филипова./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.