ДИК ќе прави увид во гласачкиот материјал за Чаир!

Објавено на 30 март, 2013 во 12:45

Одлуката е донесена за да се утврди дали се веродостојни изборните резултати во првиот круг за кои ДПА смета дека е направен фалсификат.

Ако се потврдат сомнежите на оваа партија можно е и во Чаир да има втор изборен круг.

Во неделата, на 24 март, во оваа скопска општина победил кандидатот на ДУИ и досегашен градоначалник Изет Меџити.

Освен овој, вчера, ДИК го прифатил и приговорот на ДПА за прегласување на едно избирачко место во општина Долнени.

Тоа било значајно за да се утврди кои кандидат, на ДУИ или ДПА, ќе го трча вториот изборен круг во кој противкандидатот е од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.