Коцевски:Исто како и пред четири години победата ни е украдена!

Објавено на 8 април, 2013 во 09:43

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес, Аце Коцевски после поразот преку фејзбук им се обрати на велешани.

Во својата порака напиша:

„За жал како и пред 4 години нашата победа е украдена. Не губете надеж, секогаш ќе бидеме заедно на страната на правдата. Еден ден можеби велешани сами ќе можат да си ја одберат својата иднина без закани и присила, и тогаш некоја нова генерација која ја заслужува историјата на овој револуционерен град ќе може да продолжи таму кај што застанавме“, пишува во пораката од Коцевски

Според Коцевски ова не беа ниту фер, ниту демократски избори. Тој им се заблагодарува на велешани за покажаната храброст на сите притисоци кои заедно ги поминал со нив деновиве и посакува – никогаш да не се повтори!\Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.