Панов: “Вчера беше празник на демократијата во Кавадарци“!

Објавено на 8 април, 2013 во 14:35

Старо-новиот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов денеска им се заблагодари на кавадрчани  за масовната подршка во вториот изборен круг. Оцени дека изборите биле фер и демократски.

Според официјалните податоци од ОИК Кавадарци, Панов освои 13.084 гласа,  а неговиот против кандидат од „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев 9.488 гласа.

„ Вчера во Кавадарци беше празник на демократијата. Кавадарчани беа дел од тој спектар на демократија во Република Македонија. Во Кавадарци вчера имавме мирни, фер и демократски избори на кои што граѓаните  по незнам кој пат јавно испаднаа и ја доадоа довербата на мене како градоначалник и на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да изразам благодарност и до сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои што во изминатитве триесетина дена и повеќе, работеа неуморно како мравки. Се обидуваа заедно со мене, со авторитетите на партијата, заедно со целата партиска инфраструктура да ја впротнат вистината до сите наши домови, да ја презентираат нашата програма и во таа смисла да ги запознаат сите граѓани со нашата програма и со вистината.“ рече Панов.

Нагласи дека големиот изборен резултат е само стимул за да продолжел да ги реализира ветените проекти. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.