Китев: „Се боревме со институциите, а не со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ“!

Објавено на 9 април, 2013 во 13:36

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од „Сојузот за иднината“ , Бетиан Китев денеска заедно со шесте советници кои ќе партиципираат во новиот состав на кавадаречкиот совет искажа благодарност за добиената подршка од граѓаните. Китев изборите ги оцени за нефер и не демократски.

„ Не се соочивме со фер и демократски избори. Се соочивме со државен систем инсталиран внатре во институциите, систем кој го инсталира оваа владеачка гарнитура. Немавме борба со еден кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, туку всушност во сите овие месеци наназад, борбата финишираше против сите институции кои беа ставени во функција на кандиатот на власта. Покрај сите притисоци, закани, уцени речиси  9500 граѓани го заокружија редниот број 42. Тоа покажува дека опозицијата има огромна подршка. Тој резултат ќе се ефектуиира на некои наредни избори. Ние сме горди на нашиот резултат знаејќи низ што се поминавме во овој период. ВМРО-ДПМНЕ нема што ново да понуди освен закани и пристисоци. Ова што тие го прават не е видено ниту на Балканот, ниту во Европа. Ваква демонстрација на сила и институционално насилие кон граѓаните не е видено. Направија една циркусијада од целиот изборен процес.  Ако се одземат гласовите донесени на сила,  они не само што немаат победа туку би отпаднале уште во првиот круг“ рече на денешната прес конференција  Китев.

Тој нагласи дека советниците во советот ќе дејствувале како конструктивна опозиција и ќе го дале својот придонес за подобра иднина на граѓаните./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.