ГРОМ во понеделник со митинг во Велес
Велешанецот Штерјо Николов е носител на листата во третата изборна единица од Граѓанската опција за Македонија. Партнери во престојните претседателски и парламентарни избори на ГРОМ се и партиите на Српската напредна странка, Сојузот на Титови леви сили, Партијата на слободни демократи и Либералната партија. Коалицијата ГРОМ веќе ја објави листата на носители и кандидати за пратеници во сите шест изборни единици. Носителот на листата Николов е претседател на општинската организација на ГРОМ во Велес и член на извршниот одбор на Коалицијата.
– На листата имаме уште еден член на нашата општинска организација, потпретседателката Валентина Дукова. Фактот што имаме двајца претставници од нашата општинска организација и што уживаме и што уживаме чесност и углед кај своите сограѓани ни дава за право да не се сомневаме во поддршката и да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на град Велес“, рече Николов на денешната прес конференција.
Коалицијата ГРОМ, ќе одржи митинг на 31 март во Велес, на плоштад Сармаале во 19 часот на кој ќе биде претставен кандидатот за претседател доктор Зоран Поповски.
Од ГРОМ ги повикаа сите граѓани на Велес да присуствуваат на митингот и да ја слушнат програмата под мотото „Храбро за Велес, храбро за Македонија“./Д.С