Пендаровски во Велес: Да ја спасиме државата за да не остане без народ!
Кога власта ќе ги тргне рацете од приватниот сектор и кога судството ќе стане независно младите ќе престанат да ја напуштаат Македонија, одговори претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, на прашањето на велешанката Стефани зошто младите Македонци ја напуштаат Македонија вечерва на митингот со потполно граѓански концепт во Велес.
– Тоа е клучен комплексен проблем.На почетокот ке кажам дека не сакам да ме доживуваат како човек кој се грижи само за една категорија на граѓани во Македонија. Јас бескрајно ги почитувам младите и сакам да бидам повторно млад, ако можа, меѓутоа без енергијата на повозрасните нема да им среќа за сите нас. Значи сите ние заедно можеме да ја кренеме државата на нозе. Два предуслови се и за двата е потребно време. Ќе зборувам за примери успешни во нормални демократии. Првиот државата мора да ги тргне шепите од приватниот сектор. Државата не смее да биде најголем стопанственик, најголем тендер распишувач, најголем работодавач. Државата има само една задача во демократијата да создаде амбиент за бизнис, да ги пушти луѓето со нивната креативност, идеи и знаење да ја повчечат економијата напред. Се до оној момент до кога државата е најголем стопан во економијата и дава на тендери над една милијарда евра македонската економија нема да мрдне ниту милиметар напред. Вториот принцип е независно правосудство . Тоа значи правдата да биде достапна за сите а не само за некого. Постои спор од група граѓани против висок функционер во сегашната Влада за изречена клевета против нив а доставите од судот се враќаат поради непозната адреса. Тој господин секој ден излегува на телевизија, мислам дека до неодамна возеше трактор во вашите краишта а непозната му е адресата. А јас и вие ако отидеме ќе го изгубиме спорот на едно рочиште и ке ни дадат казна од најмалку 20.000 евра, рече Пендаровски.
Велешани го прашуваа Пендаровски а тој одговараше за тоа како ја отценува меѓународната позиција на Македонија, кои се неговите ставови за решение на проблемот со името на државата и спорот со Република Грција, за решението на еколошкиот проблем во најзагадениот град, за слободата и човековите права. Според Пендаровски за прв пат од осамостојувањето во Македонија има политички затвореници и без причина осудени новинари. Ја побара довербата од велешани во борбата со како што рече неговите противници, Зоран Поповски, Иљаз Халими и Жак Ширак.
Пендаровски на велешани им соопшти дека бил подготвен да ја промени катастрофалната ситуација во која се наоѓа Македонија за што ја побара нивната поддршка, на 13 и 27 април иако не вети дека тоа може го стори во само еден мандат затоа што во моментов, според него, земјава е нападната од термити./Б.Н