Османи: Пендаровски е модерен политичар, со Иванов нема перспектива
Објавено на 31 март, 2014 во 08:20
Претседателот на Национална демократска преродба (НДП) и експратеник Руфи Османи во интервју за „Фактор“ ги коментира кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Ѓорге Иванов.
– Идниот претседател не треба да биде политичка марионета на идната влада и иако нема реални политички компетенции, треба да зрачи надеж и респект за сите граѓани како потик за излез од ова општа депресија во која се наоѓаат сите граѓани. Ако победи Иванов и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме нова епизода на стариот филм кој го гледавме досега. Ако пак победи Пендаровски верувам дека тој има перформанси да биде позитивен модел на модерен претседател, независно кој ќе победи на парламентарните избори, вели Османи.
Целото интервју може да го прочитате овде.