Пендаровски: Претседател на сите без газда над себе
„Денеска видов преполовени села. Бабите и дедовците ги чекаат своите внуци да се вратат од странство. За џабе чекаат. Внуците ја напуштиле Македонија. Затоа прва и основна задача ни е да ги вратиме младите и да ги задржиме тука.“
Со овие зборови започна централниот настан, синоќа, во Делчево на кој се обрати претседатлскиот кандидат Стево Пендаровски.
– Претседателот е избран директно од народот. Затоа тој работи согласно интересите на народот и директно нему му одговара. Тој не смее да има газда над себе. Се додека претседателот има газда нас себе, луѓето ќе му бегаат од државата, бидејќи не создава шанси за нив.
И да нема дилеми. Затоа сум сам на оваа бина. Сакам да бидам претседател на сите граѓани. Сакам секој граѓанин на оваа земја во мене да гледа претседател кој ќе застане зад него. Претседател кој влева доверба и сигурност. Претседател на кој ти, ќе можеш да му веруваш. Тоа е мојата намера и таков претседател ќе бидам, рече Пендаровски.
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=AoTkPRIW7r0{/youtube}