Иванов во Радовиш: Политиката се гради со нови работни места

Објавено на 2 април, 2014 во 08:15

Пред обраќањето на претседателскот кандидат Ѓорге Иванов, синоќа во Радовиш, говореа вицепремиерите Владимир Пешевски и Зоран Ставревски.

Пешевски рече дека првиот претседател на Македонија бил Никола Карев, па потоа Методија Андонов Ченто, Борис Трајковски, па Ѓорге Иванов.

Имаше и други, ама намерно не ги спомнувам зашто не направија многу за Македонија, или го продадоа името или слично, рече Пешевски

Вицепремиерот Зоран Ставревски зборваше за Иванов кој го почитува и како претседател и како човек. Го пофали за неговите заложби и за името, за земјделците, за гасоводот, странските инвестиции.

Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов во Радовиш порача:

Кај да одам јас сум вашиот глас, нема да прифатам промена на Уставот и промена на името, рече Иванов и додаде:

-Политиката не се мери со убави зборови и со празни ветувања, политиката се гради со работни места, затоа се отворени 120 илјади работни места откако дојде оваа влада со Никола Груевски на нејзино чело, рече Иванов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.