Иванов во Радовиш: Политиката се гради со нови работни места
Пред обраќањето на претседателскот кандидат Ѓорге Иванов, синоќа во Радовиш, говореа вицепремиерите Владимир Пешевски и Зоран Ставревски.
Пешевски рече дека првиот претседател на Македонија бил Никола Карев, па потоа Методија Андонов Ченто, Борис Трајковски, па Ѓорге Иванов.
– Имаше и други, ама намерно не ги спомнувам зашто не направија многу за Македонија, или го продадоа името или слично, рече Пешевски
Вицепремиерот Зоран Ставревски зборваше за Иванов кој го почитува и како претседател и како човек. Го пофали за неговите заложби и за името, за земјделците, за гасоводот, странските инвестиции.
Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов во Радовиш порача:
–Кај да одам јас сум вашиот глас, нема да прифатам промена на Уставот и промена на името, рече Иванов и додаде:
-Политиката не се мери со убави зборови и со празни ветувања, политиката се гради со работни места, затоа се отворени 120 илјади работни места откако дојде оваа влада со Никола Груевски на нејзино чело, рече Иванов.