ВМРО-ДПМНЕ:со одговор до СДСМ „Ние ги решаваме проблемите на земјоделците за разлика од вас“
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска одговори на обвинувањата изнесени од кавадаречките социјалдемократи дека власта е виновна за лошите состојби во лозарството.
„ Зборувате за немоќни погледи, наведнати главии празни џебови. Извинете, ама да не го згрешивте времето кога вие бевте на власт? Затоа што точно е, тогаш го имаше тоа, имаше манипулирање, газење врз судбини, загрозување на егзистенција, имаше негрижа и аздисано владеење. И што е најтешко имаше пропаѓање на земјоделието. А да го прашаме гласно говорникот на пресот на ОО СДСМ, од каде му е убавата егзистенција со станови, автомобили, куќи и во кое време? Во кое време и влади му го овозможија тоа?“одговорија од ВМРО-ДПМНЕ и поставија прашања до своите колеги од опозицијата.
Бешѓе нагласено дека сеуште има недорешени проблеми во земјоделството, но тие биле недорешени за разлика од владеењето на СДСМ кога не се ни обиделе да ги решат проблемите на земјоделците./А.Д