Заев и Шекеринска во Велес: Знаеме дека посакувате промени, не имате нас и Стево Пендаровски
„Добровечер за секој од вас кои е тука на плоштадката, за сите вас кои не слушате од прозорците и терасите на околните згради, ви благодариме што сте со нас, тоа е нашата цел со овој караван ние да дојдеме кај вас и да ве слушнеме иако сте уплашени знаеме дека желно очекувате промени, им рече Зоран Заев синоќа на велешани. Тој говореше за програмата на СДСМ со која ја побара довербата од велешани, за целта да ги охрабри граѓаните да не се плашат бидејки никој не може да ги натера да гласаат против својата воља, за натпартискиот кандидат за претседател Стево Пендаровски за кого сите знаат дека ке биде идниот претседател на Република Македонија.
„ Затоа сме тука, за да ви кажеме дека конечно промените во Македонија ќе се случат и оваа лоша власт конечно ќе замине. Сите знаете, сите чувствувате и чувствата не ве лажат, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на Република Македонија. Ве повикувам сите јасно и гласно да им порачаме дека Македонија знае што сака, ја прифаќа понудата и јасно им е дури и на оние кои не веруваат дека ВМРО ДПМНЕ и Груевски ќе паднат а Македонија може да има добра, извесна и перспективна иднина. Затоа одлучивме да водиме паралелна кампања, ние посебна кампања и Стево посебна со свој караван, нему не му треба ментор како Груевски на Иванов. Стево е подготвен интелектуално со целиот капацитет и кредибилитет да биде претседател на сите граѓани каков што заслужува Македонија, рече Заев.
Тој ја соопшти целта на СДСМ за симнување на актуелната власт велејќи дека нудат нов концепт, нова програма „Да ја вратиме средната класа во Македонија“, со нови личности за кандидати за пратеници, со надпартиски кандидат за претседател на државата. Заев рече дека тоа е можно со личности кои знаат што сакаат и умеат да водат држава, да обезбедат економска и политичка сигурност на граѓаните бидејки тој има искуство како градоначалник и стопанственик. Од ривалите побара фер плеј игра и им се закани.
„ Четири проценти води Стево Пендаровски пред Горге Иванов а партиите се изедначени и едно порачувам до сите активисти, директори, функционери немој ѓаволот да ги лаже како на претходните избори кога правеа притисок и купуваа гласови, секој кој ќе се закани ќе одговара со казна затвор од 3 до 5 години бидејќи на 28 ќе осамне понеделникот и Груевски нема да биде премиер, рече Заев.
Тој пред велешани вети рестартирање на фабриката за тули „Киро Ќучук во Велес и во Чашка и вработување на 700 граѓани.
На митинзите на плоштад Којник и Панко Брашнаров пред велешани говореше и Радмила Шекеринска. Таа ги повика велешани да гласаат за пристоен живот, младите да се надеваат на подобро утре, возрасните да имаат сигурна старост и да и обезбедат на државата да има претседател.
– Со еден збор сите ни кажавте ни треба Стево. И денеска сме тука за да ги повикаме сите и нашите поддржувачи и оние кои во минатото гласале за различни партии, нашите силни борци но и оние кои сеуште се мислат за кого да гласаат. Нека гласаат така како што им вели срцето, нека ги погледнат сите кандидати и на прв поглед ќе ја донесат вистинската одлука. Изборот навистина е јасен. Ние заслужуваме претседател кој цела Македонија ќе го гледа како свој, кој ќе знае како да застане во одбрана на секој граѓанин. На 13 април прв пат ќе треба да ја испратиме таа порака но и да завршиме една друга задача, да покажеме дека Македонија е подготвена за промени, дека бара нешто подобро, граѓаните решиле дека вака веќе не оди, рече Шекеринска.
Таа потенцираше дека СДСМ води нова кампања со програма, концепт и тим, дека не зборуваат за противниците бидејки граѓаните знаат колкаво зло им сторила актуелната власт туку токму од нив слушаат како им кажуваат дека по осум години владеење живеат полошо и потешко. Шекеринска појасни дека новиот концепт на водење кампања има за цел да го посети секое маало, секоја улица, секој дом и секој граѓанин за да биде слушнат секој и секому да кажат што имаат. Целта на кампањата е да покажеме дека за ние се променивме, ама држава без народ не бива, рече Шекеринска./Д.С