Утврден редоследот на гласачкото ливче за парламентарните избори
Објавено на 3 април, 2014 во 13:05
ДИК денеска со жребување го одреди редоследот на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори закажани за 27 април.
Еве кој реден број го извлекоа партиите:
1. СДСМ
2. ДПА
3. Достоинство
4. ДУИ
5. ВМРО-ДПМНЕ
6. НДП
7. Национално движење на Македонија
8. ГРОМ
9. Алијанса за позитивна Македонија
10. ВМРО-НП
11. СДПМ
12. ПЕП 21
13. ПДП
14. ПЕИ
Изборната кампања за предвремените парламентарни избори започнува во сабота на 5 април.