Во понеделник ГРОМ со митинг пред кавадарчани
Објавено на 4 април, 2014 во 14:13
Општинската организација на ГРОМ Кавадарци денеска на прес конференција упати покана до своите членови, симпатизери и граѓани на Кавадарци да присуствуваат на предизборниот митинг во понеделник.
Пред присутните ќе биде претставен претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски, носителот на листата на во четвртата изборна единица, Панчо Минов, а пред кавадарчани ќе се обрател и лидерот на партијата Стевчо Јакимовски.
„Нашиот претседателски кандидат е семеен човек, исполнет со енергија и храброст да ја води Република Македонија кон вистинскиот пат, патот на демократија“ рече Петар Минов од ОО на ГРОМ претставувајќи го нивниот кандидатот за претседател ./А.Д