СДСМ Кавадарци: Власта со лошите политики направи пустош и загубени генерации“
„Излегувајќи на терен, ние овие денови, увидовме дека во половина семејства, преку еден стан или преку една куќа недостига по еден, а некаде и по двајца членови од семејствата. Живеејќи во изолирана држава во бесперспективност и безнадежност, извадија бугарски пасоши и избегаа во западно европските земји и подалеку“ рекоа на денешната прес конференција кавадаречките социјалдемократи и ја обвинија власта за лоши политики, направен пустош и загубени генерации.
Уште еднаш ја повикаа власта да им ги исплатела субвенциите на лозарите.
“Понесени од преродбеничкото сивило и лична политичка ароганција и комплекс, од ВМРО-ДПМНЕ не ги знаат состојбите во сопствената политчка партија, а зборуваат за друга. При тоа зборуваат за дамнешни времиња, вечна транзиција, за лоша земјоделска политика, без да се осврнат на сопствената реалност, во нивни осум години владеење, осум години земјоделска политика и аграрна држава “ рекоа од ОО на СДСМ Кавадрци./А.Д