Вечерва, снимка од првата дебата на претседателските кандидати, на МТВ
Објавено на 5 април, 2014 во 14:15
Првата дебата меѓу четворицата претседателски кандидати која е најавена за емитување вечерва на првиот канал на МТВ нема да биде во живо, туку е снимена, јави Либертас.
Причина за тоа е што редакцијата на МТВ не успеала да го усогласи терминот на кандидатите поради нивните закажани митинзи и средби со граѓаните.
Вчера МТВ најави дека по завршувањето на вториот Дневник на првиот програмски сервис ќе емитува дебата помеѓу кандидатите за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.
Вечрерва во тој термин владејачката ВМРО-ДПМНЕ има закажано митинг во Скопје, ГРОМ и нивниот кандидат Зоран Поповски имаат митинг во Куманово, Стево Пендаровски ќе се обрати пред граѓаните на Штип, а Илијаз Халими во скопски Синѓелиќ.