Мирен изборен ден без инциденти во Велес
Велешани излегуваат и на изборните места го даваат својот глас за еден од четворицата кандидати за градоначалник на Општина Велес, како и за една од деветте листи со кандидати за членови на Советот на општината. На двете избирачки места во Осовен суд Велес, кога екипата на Дума.мк ги посети, се чекаше ред но се создаваше метеж. Претседателката Јелена Тодеска, на избирачкиот одбор И.М 2162, што се наоѓа во Основен суд Велес, на поставеното прашање на Дума.мк, како тече изборниот ден, рече:
-До 11:00 часот до 11:00 часот од вкупно 523 граѓани со право на глас излегле 82 избирачи. Изборниот процес тече без проблеми, додаде Тодевска.
Изборниот ден поминува во фер и демократска амтосфера. Граѓаните по оствареното право на избор, поточно гласање, на поставеното прашање, што очекувате од новиот градоначалник и Совет на општина Велес, рекоа:
-Очекувам позитивни резултати и за градот и за граѓаните во делот на повеќе вработувања, во подобрување на инфраструктурата, одржување на хигиена,редуцирање на метежот околу паркинг местата што за мене е и најактуелен проблем, рече граѓанка на Велес.
-Мене најмногу ме засега сообраќајот во Велес, значи тоа е приоритет, бидејќи сите граѓани имаат проблем. Младината да се вработува со цел младите да не ни бегаат во други држави. Тоа мислам дека секој го посакува, додаде граѓанка на Велес.
-Има многу работи што треба да се поправат, нека почнат од зеленилото, пошумувањето што според мене се најприоритетни бидејќи се изгоре кога имаше пожар на езерото. Да се изградат улици, канализации кадешто нема, да ги направат фасадите на тие згради коишто се оштетени од дождовите, додаде граѓанка на Велес.
-Се знае што очекуваме, поубав , помирен и побогат Велес како и вработување на младите, додаде граѓанин на Велес.
Инаку денеска во Општина Велес се гласа на 82 избирачки места. Вкупниот број на избирачи според Единствениот избирачки список изнесува вкупно 45.892 граѓани. До 15:00 часот според подароците на Државна изборна комисија излезноста изнесува 34,61 отсто или 15.853 граѓани.
Стефани Манева