Намален бројот на новозаболени, зголемен интерес за трета доза вакцина во Североисточниот регион

Објавено на 22 декември, 2021 во 10:00

Неинформираноста и неедуцираноста на населението, поради отсуство на поголема и видлива кампања, се главна причина за малиот број на вакцинирани во Куманово и Крива Паланка. Сепак, официјалните податоци за имунизацијата  треба да се земат со резерва, бидејќи добар дел од граѓаните се вакцинирани во Србија, Бугарија, Скопје и на други вакцинални пунктови, а не се внесени во евиденцијата

Пишува: Жаклина Цветковска

Во Североисточниот регион кој беше силно погоден од последниот бран на ковид-19 и делта варијантата, состојбата полека се смирува, но и понатаму останува во подрачјата со мал број на вакцинирани лица. Помала заинтересираност за вакцинација има само во Југоисточниот регион.

Според најновиот преглед на Институтот за јавно здравје (13.12.-19.12.2021) во Североисточниот регион  вкупниот процент на вакцинирани изнесува 32,2 отсто од кои 31 отсто во Куманово, 33, 5 отсто во Кратово и 39,3 отсто во Крива Паланка.

Од почеткот на корона-кризата Куманово беше меѓу најголемитте жаришта на коронавирусот и во изминатите две години останува на врвот на листата по бројот на заболени и на регистрирани смртни случаи, веднаш зад Скопје. Во овој град (заедно со Липково  и Старо Нагоричане) досега се заразени 13.067 лица, а од нив 543 починале, покажуваат најновите податоци  (Институт за јавно здравје, статистика од 20. 12.2021). Но, процесот на имунизација  и понатуму е под посакуваниот отпимум, иако Вакциналниот пунк во Здравствениот дом Куманово работи интензивно.

Координаторот за вакцинација во Куманово, Валдрин Мифтари објаснува дека има зголемен интерес за втора и трета доза, но дека се забележува пад на интересот за прва доза.

Досега се аплицирани 97.000 вакцини. Околу 47.000 се вакцинирани со две дози,  а 4.000 граѓани  имаат примено трета доза. Здравствените работници беа меѓу првите кои ја примија бустер дозата, а има зголемен интерес и од постарите. На дневно ниво вакцинираме од 200-300 лица. Вакциналниот пункт работи секој ден во две смени , од 07-19 часот, како и во сабота една смена, од 07-13 часот. Можам да кажам дека имунизацијата сепак се одвива интензивно, граѓаните почнаа да сфаќаат дека вакцините штитат од тешки последици од болеста  и се надеваме дека се повеќето од нив  ќе се решат да се вакцинираат, вели Мифтари за „Вистиномер“.

Валдрин Мифтари
Фото: ФБ профил на Мифтари

Докторката Монализа Мемети, која е вклучена во процесот на имунизација од самиот почеток, најпрвин во Регионалниот пунк за масовна вакцинација, а сега на Пунктот во Здравствениот дом Куманово, за „Вистиномер“ вели  дека намалениот интерес за прва доза се должи на тоа што нема нови мерки и што наближуваат новогодишните и божиќни празници.

Не се донесени нови мерки во однос на имунизацијата кои беа најавувани, а граѓаните го одолговлекуваат вакцинирањето и поради претстојните празници. Се плашат од несакани ефекти, па дел од нив сакаат да почекаат да поминат празнувањата и славите, вели д-р Мемети.

Таа посочува дека досега немаат регистрирано сериозни несакани ефекти, освен вообичаените што се минливи.

Во текот на летниот период, регистрирале над 1.000 вакцинации дневно, а од први октомври  имало  максимум до 500 апликации. Отворени се за сите граѓани,  разговараат со нив и им даваат совети, особено на оние кои имаат коморбидитети и се двоумат дали да примат вакцина.

Има луѓе што доаѓаат и се советуваат со нас, детално разговараме за нивната здравствена состојба, за ефектите од вакцините. Помладите, пак, обично се згрижени за влијанието на вакцините врз плодноста и бараат препораки од нас. Но, кога сè добро ќе им објасниме, ќе им ги посочиме досегашните докази, се решаваат да примаат вакцина, објаснува д-р Мемети.

Досега се соочила со многу дезинформации што ги слушнала од пациентите кои  биле загрижени дали сето тоа е вистина. Тие, според неа, се должат на неинформираноста и недоволна кампања за ефикасноста на вакцините и заштитата од тешки последици.

Можеме да ѝ веруваме на науката, на тоа што информираат стручните лица  за безбедноста на вакцините и апелирам граѓаните да не се премислуваат и да се вакцинираат во што поглем број, особено сега пред празниците. Секако, повикувам и да ги почитуваат мерките, зашто знаеме дека ќе има собирања и групирања. Мораме да бидеме совесни и да го штитиме своето и здравјето на другите, препорачува д-р Мемети.

д-р Монализа Мемети
Фото: Вистиномер

Во Крива Паланка граѓаните неедуцирани, регистрирана голема смртност

Неедуцираноста и слабата информираност на населението се главната причина и за слабата покриеност со вакцини во Крива Паланка, смета д-р Мирослав Миленковски од Вакциналниот пункт при Здравствениот дом „Академик проф. д-р Димитар Арсов“ во Општината.

Има многу неедуцирани граѓани кои слушаат што „народот зборува“. Некого го болела раката, на некого му било лошо. Одат по 5 доктори да прашуваат дали вакцините се безбедни. Се трудиме да им објасниме дека треба да се вакцинираат за да се заштитат, но некои навистина не разбираат, вели д-р Миленковски за „Вистиномер“.

Според него, процентот на вакцинирани во Крива Паланка и не е така мал, бидејќи во евиденцијата не се регистрирани многу граѓани кои се вакцинирале во Србија, Бугарија, Скопје, како и на Регионалниот пункт за масовна вакцинација во Куманово, каде се упатуваа кривопаланчани пред да бидат достапни вакцините во Здравствениот дом во градот.

Досега имаме аплицирано 12.000 вакцинални дози. Летото имавме ооколу 250-300 вакцинирања на дневна основа, не сметајќи ја теренската вакцинација и ревакцинација која ги опфати сите населени места во Крива Паланка и Ранковце и имаше добар одзив. Сега дневно бележиме по 30-50 примени вакцини, а интересот е поголем за третата доза и тоа кај постарите лица, вели д-р Миленковски.

Тој посочува дека дел од вакцинираните ја примиле вакцината затоа што морале да патуваат, дел под притисок од работодавачите,  на некои им починал некој од семејството или од други причини, а не оти верувале во ефикасноста на вакцините. Смета дека кампањата е испуштена – задоцнета и дека од почетокот на пандемијата требало да се информира и едуцира населението.

Крива Паланка најсилно беше погодена од ковид-19 изминатите два месеца, кога се регистрираа двоцифрени бројки на новозаболени на дневна основа, а се случуваше и во еден ден да има по неколку смртни случаи. Според Институтот за јавно здравје, заклучно со 20.12.2021 година, има 106 починати и 1.942 заболени. Леталитетот  е 5,5 отсто,  со што овој град  е меѓу трите најкритични  општини , заедно со Крушево и Струга.

Причината за големата смртност  д-р Миленковски, кој работел 5 месеци во ковид центарот во Куманово,  ја гледа во тоа што добар дел од граѓаните не се запознаени како функционира болеста, како и во ненавременото болничко згрижување. На почетокот првите симптоми се толкуваат како настинка, додека да се јават кај матичен лекар.

Во Здравствениот дом, секој ден од 11-13 часот, функционира рентген снимање и лабораториски испитувања, наменети исклучиво за ковид суспектните и заболени лица. Потешките случаи се препраќаат за Куманово или Скопје, а полесните се лекуваат во домашни услови. Проблем е што се аплицираат по два антибиотика, кои не даваат секогаш ефекти, температурата останува висока, иако сатурацијата е добра. Дури кога ќе се забележи пад на сатурацијата, тогаш пациентите се препраќаат на болничко згрижување, во многу тешка состојба, заради што и шансите за излекување се помали. Потребно е  навремено болничко лекување и следење на состојбата, објаснува д-р Миленковски.

Инаку, досега немало случаи на нескани ефекти од вакцините, освен оние што се познати и вообичаени, а д-р Миленковски вели дека луѓето мора да сфатат оти вакцината против ковид-19  е ефикасна, но и дека е сезонска.

Увидовме дека вакцините не штитат од заразување, но се неопходни за да се пресече синџирот на пренос на вирусот. Населението мора да сфати дека тие штитат од тешки форми на болеста, а притоа истовремено  мора да се придржуваат на препорачаните мерки. И да се примаат дозите според препораките на стручните лица, порачува д-р Миленковски.

д-р Мирослав Миленковски со вицепремиерпт Љупчо Николовски

Вакционалниот пункт во Крива Паланка, кој активно е ангажиран во имунизацијата, по повод Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември, за својата пожртвуваност  го доби и преносниот Пехар на хуманоста, што го доделуваат Општинската организација на Црвен крст и Општина Крива Паланка.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด