Во вакцината против ковид нема ебола

Објавено на 17 ноември, 2021 во 08:23

Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот ако ја примите вакцината против ковид-19, наречена „Џенсен“, ниту пак, доклоку примите  вакцина против ебола

Во постот што го рецензираме се тврди дека во вакцините против ковид -19, има вирус ебола. Доктор Аријана Лав, е жената која го дава ова тврдење кое се однесува на вакцината на „Џонсон и Џонсон“:

Имаше шокантно откритие од универзитетот во Стокхолм кое откри дека спајк протеинот од вакцините пенетрира во клетките на вакцинираните, доаѓајќи до нуклеусот на клетката, оневозможувајќи ја клетката да си го репарира сопствениот ДНК. Ова не е случајно. Овие вакцини ги бришат гените одговорни за поправка на ДНК засекогаш во луѓето. Овие вакцини ги кодираат клетките со спајк протеини на ебола. Ова се случува со вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Низ моите истражувања дознав дека бришењето на овие гени индуцира СИДА, создава тромбоза и запушување на вените, вели Лав во видеото. (од почеток до 1 минута и 21 секунда во видеото).

Во 1 минута и 35 секунда од видеото, таа додава дека од вакцината се создава траен стерилитет. Во 1 минута и 48 секунда од видеото вели дека вакцината води до зголемување на стапката на канцер.

Но, во овие тврдења нема вистина.

Нема докази дека вакцините против ковид-19, се поврзани со болести како канцер или ХИВ.

Повеќето научници забележуваат дека инциденцата на канцер опаѓа за време на пандемијата, зашто 20 проценти од луѓето мораа да ги одложат третманите и медицинската нега за време на пандемијата, вклучително и тестовите и дијагностиката на канцер.

Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Т клетките играат голема улога во одбраната на телото против вируси и бактерии, како и против канцер. Не се покажало дека вакцините против ковид  ги поттиснуваат Т клетките и нема докази кои укажуваат дека вакцините против ковид го ослабуваат имуниот систем, или дека ги прават луѓето поподложни на канцер или други болести, како автоимуните болести. Нема податоци кои покажуваат раст на ХИВ позитивните меѓу вакцинираните.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД препорача луѓето кои се имунокомпромитирани да примат вакцина против ковид-19 и некои луѓе што се болни од канцер да примат бустер доза. Повеќето експерти и медицински групи препорачуваат повеќе луѓе со канцер да примат вакцина против ковид-19 веднаш штом им стане достапна. Пациентите со рак имаат тенденција да се поподложни на сериозна болест ако се заразат со ковид, поради ослабениот имунитет од канцерот и третманите за канцер.

На официјалната страница за вакцинација на Република Северна Македонија наведено е дека мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак.

Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки ја распаѓаат и расчистуваат од вашето тело. Нема трајни ефекти од мРНК во вакцината, пишува на специјалната веб-страница посветена на вакцините.

Самата компанија „Џонсон и Џонсон“, за својата вакцина наречена Џенсен, пишува на својата официјална веб страница.

Првата доза на вакцината против ебола, ја користи истата технологија како онаа на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19,  Џенсен. Вакциналниот режим на вакцината против ебола, се состои од две дози, секоја од нив содржи различен носач, односно различен вирален вектор.  Векторот што се администрира во првата доза се базира на Janssen’s AdVac® технологија, а векторот администриран во втората доза се базира на MVA-BN® технологија од Баваријан Нордик. Секоја технологија користи различен тип на вирус кој е модифициран, така што може безбедно да се реплицира во човековото тело и да го носи генетскиот код за еден или повеќе протеини, од втор таргет вирус, во случајов ебола вирусот. Протеините создадени од гнеетскиот код, иницираат имун одговор против ебола вирусот, без притоа да ја предизвикаат болеста. И поради тоа што носечките вируси се модифицирани, НЕ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ БОЛЕСТ. Платформата на виралниот вектор на Џенсен АдВак, е истата технологија која што беше користена во вакцината против ковид, како и истражувањата за вакцини против ХИВ и Зика вирусите

Што значи, самиот производител гарантира дека нема да може да се заразите со ебола вирусот, дури и ако ја примите нивната вакцина против ебола. Истото следува и за вакцината против ковид на „Џонсон и Џонсон“. Вирусите во нив се модифицирани. Нема да се заразите ни од ебола ни од ковид, без разлика која од двете вакцини ќе ги примите.

Што се однесува, пак, до тврдењето дека вакцините создаваат траен стерилитет односно неплодност, Центарот за контрола и превенција на болести, вели дека може да се вакцинираат и тие кои сакаат да останат бремени во иднина, бидејќи вакцините не создаваат неплодност.

Вакцините немаат во себе жив вирус и не можат да ги заразат со ковид ни мајката ни бебето.

И владата на Австралија официјално тврди, дека вакцините против ковид-19 не предизвикуваат стерилитет.

За вакцините генерално е познато дека треба да се примаат од страна на жени кои планираат да забременат. Вакцините можат да превенираат сериозни компликации за време на бременоста. Како што „Вистиномер“ претходно пишуваше,  бројни медицински професионалци, советуваат да се прими вакцина против ковид бидејќи не предизвикуваат неплодност.

Поради горенаведените аргументи, оценуваме дека не е вистина дека со вакцина против ковид ќе се заразите со ебола, како ни дека вакцините против ковид предизвикуваат траен стерилитет, канцер или СИДА.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.