Брза интервенција на велешките пожарникари спречи ширење на пожар во село Црквино

Објавено: 13 август, 2025, во 10:07 часот

Вчера вечер, околу 22:35 часот, Територијалната Противпожарна Единица Велес добила дојава за запалена сува трева во село Црквино. На терен веднаш излегло едно противпожарно возило со двајца пожарникари спасители.

По пристигнувањето на лице место, екипата пристапила кон гасење на пожарот. Како што соопштија од велешката пожарна благодарение на нивната навремена и ефикасна интервенција, огнот бил брзо локализиран и не било дозволено негово проширување.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.