Жител на Г Јаболчиште со пиштол им се заканил на контролорите на ЕВН

Објавено на 2 септември, 2013 во 12:56

Педесет и осум годишниот Ш.М од велешко Горно Јаболчиште заработи кривична пријава за кражба на струја затоа што, според полицијата, во петокот спречил екипа ЕВН да направи контрола на тарифното броило во неговиот дом. Тој со пиштол во раце , за кој имал дозвола, им се заканил на контролорите кои требало да проверат дали користи струја на диво. Пред нивните очи го искинал налогот велејќи им декаљ ќе пука ако тие се приближат на струјомерот во неговата куќа.

Екипата на ЕВН го пријавила Ш.М во полициската станица во Чашка. Полицијата го повикала во полициската станица и привремено му го одзела пиштолот марка Застава калибар 9 мм.

– СВР Велес на педесет и осум годишниот Ш.М ќе му поднесе кривична пријава за загрозување на сигурноста. Претходно го сослуша пријавениот кој рекол дека бил револтиран бидејќи не добил известување за контролата. Полицијата работи по пријава за проблеми и излегува на лице место ако од неа тоа го побара ЕВН, рече портпаролката Анита Стојковска.

Како што дознава Дума.мк  против Ш.М пријава за кражба на струја ќе поднесе и ЕВН. Тоа е кривично дело што се казнува со затворска казна во времетраење од 3 месеци до 3 години. Во првичните, неофицијални информации, се вели дека осомниченото лице по професија било електричар кој на соседите им помагал на диво да се приклучуваат на електричната мрежа./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.