Данов: За Богомилите – нашите прадедовци

Објавено на 13 февруари, 2021 во 17:18

bogomilskisimbol fin

13.02.2021

Пишувањето за Богомилите до скоро беше ,,табу„ тема на овие простори, а многу малку автори, историчари и истражувачи , имале долест да навлезат во темата и да истражуваат за неа. Затоа за Богомилите и богомилството како движење кај нас порано малку е истражувано и пишувано. Голем интерес кон ова социјална и историска појава пројавил и нашиот поет Коста Солев Рацин пишувајќи статија насловена како ,,Драговитските богомили“ уште во 1935 година.

Торбеши, бабуни, катари, албижани, албигојци или богомили повеќе различни имиња се спомнуваат за луѓето кои ги отфрлиле догмите и и` се спротивставиле на иконографијата и филозофијата на средновековната христијанска црква, а најмногу на средновековните владетели, чие време допрва започнувало. Почетокот на феудализмот на нашиве простори го одбележала појавата на Богомилите, како нова, прагматична и пред се` револуционерна појава во тогашното класно општество.

Во нашата повоена литература има малку пишани статии кои се осврнуваат на оваа појава и народно движење, кое за наша возбуда започнува токму во велешко, во село Богомила, а топонимите на реката Бабуна и планината Бабуна сведочат за една голема и би рекол незапирлива експанзија на тоа ново, дуалистичко движење, кое прераснало во голем сенароден отпор и од овие краишта се пренело преку Албанија, Босна, до Италија и Франција, па и до далечните пространства на Сибир.

Основач на движењето е попот Богомил, кој своите проповеди ги започнал во Азотот, во село Богомила, каде бил и роден. Движењето започнало како реакција на тешките феудални односи кои ги наметнале феудалните владетели, потпомогнати од христијанската црква.

Црквата се поставила на страна на феудалците, кои богато ја наградиле со имоти, пари и други привилегии.

Појавата на Богомилите и нивната побуна силно ја потресле бугарската и византиската феудална држава и нивните православни цркви, кои направиле се` да се запре експанзијата на народното движење кое проповедало граѓанска непослушност кон црквата, но и кон феудалното општество и неговите претставници како што се благородниците, кралевите и царевите кои биле носители на сите зла и невољи, кон богомилското учење.

Богомилското движење настанало како социјална реакција на одземените имоти и права на слободните селани, што преку ноќ останале без земја, имоти и секако против крепосното право на господарот со кое покрај земја, имал право и на човечкиот живот, на своите закрепостени селани.

Но, феудалната држава и христијанската црква брутално одговориле и се спротивставиле на Богомилското движење. Убиства, притвори, спалувања на клада и прогон на членовите на богомилсткото движење станале редовна појава.
Низ целата Македонија нема многу траги и пишани документи за движењето, па повеќе податоци и документи може да се пронајдат во албанските, босанските, италијанските и француските архиви и историски извори.

Во село Богомила и блиската околината воопшто нема траги дека некогаш таму се создало богомилското движење, живееле и проповедале Богомилите. На теренот во село Богомила и околината не се пронајдени, барем досега, никакви материјални докази дека во 10 век тука се случувала една од најголемите социјални револуции во средниот век.

Познатиот албански истражувач Димитар Шутериќија ја истражувал етногенезата и потеклото на името на една посебна популација во Албанија, која ја поврзува директно со богомилското движење. Во околината на албанскиот град Кукс, во општините Шиштејец и Запод, во селата Борје, Црнелево, Кошаришта и Запод живее компактно словенско население, кое според етнолошките и други карактеристики е наблиску до Македонците.

Тезата дека Гораните или торбешите се всушност остатоци од богомилите е од 1991 година во еден текст во весникот ,,Башкими“, под наслов ,,Гора и Гораните“. Текстот поттикнал многу контроверзи и различни коментари во албанската јавност.

Со овие констатации Шутериќија ја допрел дотогаш неприкосновената албанска историографија и како прв албански автор го користи името ,, торбеши“, поврзувајќи го со етимологијата на топонимот ,,трбач“.

И византискиот истражувач од 14 век, Халко Кондил како и современиот бугарски историчар Димитар Ангелов, го делат мислењето дека ,,торбеш“ е едно од имињата со кое се нарекувале припадниците на богомилството движење во 10 век на просторот на тогашна Бугарија и тоа на територијата која тогашната бугарска држава ја освоила во борбите со Србија и Византија, што всушност се наоѓа на територијата на етничка Македонија.

Интересно е дека во Гора, мештаните Горани увредливо реагираат на името ,,торбеш“. Од истражувањата на терен е напишано делото ,,Богомилски трагови во Кукска Гора“, што е презентирано во 2003 година во Котор, Црна Гора. Подоцна преведено е на бошњачки јазик и издадено во Босна и Херцеговина.

bogomilibosna fin

Одекот на ова дело бил голем. Некои историчари ја негирале тезата дека во Гора постои посебна култура, јазик, етничко и фолклорно наследство, кое се разликува од албанското.

Други оделе до таму што предлагале и бришење на топонимите на Гора. Додека албанските и српските истражувачи ја негирале тезата дека Гораните се најблиску до македонската етногенеза и фолклор, бошњачките, бугарските и македонските истражувачи ја прифаќале каква таква. Горани биле збунети од тезата и помислата дека тие се директни потомци на Богомилите, што егзистирале на овие простори уште од 10 век.

Од раѓањето, па се до насилното гушење на ова движење, главната улога ја имала христијанската црква, чии органи со помош на сите расположливи сретства, пробале да го уништат. Почнувајќи од клевети, анатеми, спалување на клада, колежи и масовни прогони. Најпознатите теолози во тоа време се обиделе да го урнат еретичко-дуалистикото движење и неговата филозофија на сите можни начини. Знаеле дека омасовувањето и прелевањето на богомилството пошироко можело да ја уништи христијанската црква, без чија помош феудалното општество и благородништвото би биле осудени на пропаст.

Соборите (синодите) на црквата како највисоки органи на православната црква со седиште во Константинопол, воведуваат инквизиција, прогони и крстоносни походи.

Бугарскиот цар Петар (927 – 969 г.) му се обратил на константинополскиот патријарх Теофилат и добил препорака да се брани со анатема од сите кои го напуштиле православието, со нарекување „еретици“ приврзаниците и симпатизерите на Богомилите. По него, Презвитер Козма (969 – 972 г.) го напишал своето дело ,,Беседа“ против богомилите и нивното движење и за разлика од Теофилат до деталји ја опишал целата доктрина на движењето. Тој наметнал полемика со богомилите докажувајќи им дека се прелажани и заведени.

За ширење на богомилското движење во српските земји по 1018 години, како и во делови од Бугарија кои тогаш подпаднале под византиска власт, пишува и дукљанскиот кнез Иван Владимир, зет на цар Самоил, во своето дело ,,Животопис“. Инаку, модерната историографија смета дека Цар Самоил и неговата ќерка Косара биле припадници на богомилите.

Во Мала Азија Богомилите биле познати и како ,, funda- giagiti“. За нив пишувал Евтимиј од Акомонија, монах во манaстирот ,,Св. Богородица Пречиста“ во Константинопол. Делото датира од 1054 година и во него авторот тврди дека богомилската хереза е создадена од самиот ѓавол. Врз основа на докази кои ги дава авторот, подоцна е формулиран збир на анатеми против Богомилите. Овие анатеми се прифатени во 1092 година во Константинопол на ,,Соборот во неделата на православието“.

Околу 1050 година и друг византиски филозоф, Михаил Псел, напишал дело ,,За делувањето на ѓаволот“. Во ова дело само се потврдува јакнењето на богомилството движење на просторот на Тракија и дава интересни поединости за движењето.

Подоцна е издадена друга група анатеми, 23 на број, со иста намена. Во 12 век е одржан процес против богомилот Василиј, кој завршил со неговото спалување на клада.

Во секој случај , на дворот на Алексиј Комнен (1081 – 1118 г.), Евтимиј Зигавин се појавува со делото ,,Против богомилите“. Во период од 1111 до 1115 година Зигавин објавил уште едно дело ,,Panoplia dogmatic“ составено од 28 делови.

Царот Мануел Комнен (1143 -1180 година) се соочил со растечката богомилска хистереза во градот Меглен (Македонија). Тој го испратил епископот Иларион, кој според неговиот ученик Петар, успешно ја обавил мисијата. Ова е опишано во делото ,,Животописот на Иларион Мегленски“. И Теодор Балсамсон, познатиот тумач на византиското право, пишува за појавата на богомилството движење во црквата и меѓу монасите.

Инаку во 1165 година на Скупштината на римокатоличката црква во градот Алба Лангдон во Прованса, Франција, прв пат е осудена катарзгата хереза. Тоа значи дека веќе не само православната, ами и католичката црква станала засегната со прелеаното богомилско движење во нејзините граници.

Во 12 век и големиот жупан Стефан Неманиќ свикал Собор за да ги казни следбениците на богомилската хереза.
Сепак најголем и најзначаен Собор за осуда на богомилството движење е Синодот на цар Борил (1207 – 1218 година), свикан во Велико Трново, Бугарија, во 1211 година кога се осудени главните пропагатори на хестерезата во Бугарија.

И никејскиот патријарх Герман ( 1222 – 1240 година) во Константинопол ги критикувал основите на богомилската доктрина давајќи објаснувања од Евангелието.

Тортурите, убиствата, мачењето на богомилите поттикнале егзодус на Богомилите од Македонија, Бугарија и Византија, кои преку Србија и Босна преминале во Италија и продолжиле кон југот на Франција.

Значи, православната христијанска црква не успеала да го уништи и спречи ширењето на богомилството, кое се прелило и на териториите на кои јурисдикција имала католичката црква.
Во Италија се појавиле како катарени, во Босна – патарени, а во Франција – албижани ( албигојци), катари .

Интересно е што во Босна кралот Твртко I станал богомил и ова движење прераснало во државна ,,религија“, а Богомилите биле заштитени од прогони и ги уживале сите граѓански права.

Во Италија првите дела против катарените ги напиша миланскиот теолог Бонакурзис, бивш еретик, кој во 1190 година го издал делото ,,Manifestatio hearesis catharonum“. Каталонскиот писател Дуранте Хуска (1228 – 1229 година) се обидел да собори еден катарски трактат , објаснувајќи ги основите на космогониското и есхоластичкото верување.

Во 1250 година Рајнер Сакони, теолог и бивш катар, спротивно од Бонакурзис, во своето дело ,,Summa de Catharis et Leonistis“ го опишува животот, организацијата и размислувањата на катарите во Италија.

Што всушност претставува основата на богомилското учење?

Bogomila fin

Богомилите не ја признавале тогашната световна и црковна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не прифаќала еднаквост. Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека Богомилите биле првите комунисти (според Коста Рацин). Богомилството е учење на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според Богомилите била трпението.

Во богомилските заедници мажите и жените имале еднакви права и статус. Немало хиерарија, туку еднаквост и баланс. Жените можеле да ги извршуваат сите функции во општеството, вклучувајќи ја и свештеничката. Се разбира, бидејќи кај Богомилите немало строго определена црковна хиерархија, под свештеник се подразбирал човек кој го шири знаењето со збор и со дело.

Богомилите учеле за ненасилство. За нив пролевањето крв бил најголем грев, па не убивале ниту животни. Богомилите се нарекувале себе си „христијани” или едноставно „добри луѓе”. Тие учеле дека вистински христијанин се станува само со срце, а не преку ритуали и формална припадност кон црквата.

Рацин, во своето дело за Богомилите пишува: ,,Чунки богомилите биле први наши вистински народни учители и книжовници. Тиа се соживеле со народната душа, убаво ги разбрале нимните потреби и со своата „нова” наука силно го исплашиле стариот свет“.

Главниот постулат на богомилството е дека постојат две животни начела: Бог, како апсолутно добро и ѓавол како апсолутно зло. Ако е господ толку добар, зошто се случуваат толку зла и неправди? Значи, некој исто толку моќен мора да е одговорен за злото. Сиот видлив свет е творба на ѓаволот, вклучително и човекот, како тело кое што поседува душа што има божествена природа. На овој начин е воспоставена дихотомија, односно принципот на дуализам.

Богомилите не ги почитувале верските храмови, кои ги сметале за човечка креација, односно за ѓаволско дело, бидејќи ѓаволот бил господар на светот. Филозофијата, дуализмот и современите разбирања се испреплетуваат низ бурните историски премрежја што ги трпело и ги трпи се уште оваа македонска почва. Учењето на Богомилите било насочено првенствено против црквата како институција, која што според нивното верување, немала ништо заедничко со вистинската христијанска вера и тоа токму поради фактот што отстапувала од принципите востановени со евангелските текстови. Отфрлувањето на црквата со нејзиното институционално значење,

Богомилите го поткрепувале со сопствената интерпретација на Евангелието по Матеј (XI, 6) во кое се вели: „А ти кога се молиш влези во својата одаја и затварајќи ја вратата помоли му се на својот Отец”.

Еден од најмистериозните записи за богомилството е ,,Тајната книга“ или “Interrogatio Ioannis”. Таа содржи резиме на богомилската доктрина и се смета за автентично дело на богомилската литература. Оригиналот на ,,Тајната книга“ до ден денес не е пронајден. Сочувани се само два преписа на латински јазик, каркасонскиот од 12 век и подолгиот, виенски кој потекнува од 13 век. Еден запис од каркасонскиот препис упатува на можност дека ,,Тајната книга“ на Богомилите потекнува од балканските простори, најверојатно од Македонија.

Тука ќе застанам, надевајќи се дека разбравте дека богомилството движење оставило и многу пишани траги во подоцнежната историја. Во Франција денес, според кажувањата, само во Долна Нормандија има преку 400.000 катари кои своето движење слободно го практикуваат .

За жал во Македонија, лулката на богомилството движење, нема многу стари, пишани документи, а се` што дознаваме на терен се претежно фрагменти останати во колективната меморија на населението како и повеќето пештери каде би можеле и да се најдат траги од собирите на Богомилите, се разбира поткрепени со соодветни материјални докази на теренот.

Сепак, според некои преданија, високо во планината Јакупица постоело село Горно (Старо) Нежилово. Во првиот познат турски попис на селата во Азотот (Хасот) се споменува ова село со околу шеесетина возрасни жители. Деца на пописот нема, како ни податоци за религијата. Се сметало дека токму овие луѓе се дел од големата богомилска популација, која останала после прогоните што ги правела црквата и феудалната средновековна држава. Веќе во наредниот попис селото не е попишано, што може да значи дека жителите се одселиле на друго место и тоа згаснало. Во секој случај, на местото каде се наоѓало селото тече Нежиловска река и според кажувањата постојат материјални остатоци во вид на ѕидови од куќи, инфраструктура итн. Ова треба да се доистражи, бидејќи е една од можните траги кои водат кон Богомилите.

Ме радува што во последно време се јавуваат повеќе македонски автори кои се интересираат, пишуваат и трагаат по корените на Богомилите и го осознаваат нивното учење, исполнувајќи ја рациновската заветна порака дека богомилството движење е коренот на едно праведно социјално движење на овие простори и дека треба темелно да се осознае и истражи.

Вашиот хроничар и истражувач
Љупчо Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด