Четири нови ковид заболени и еден починат во Велес

Објавено на 11 август, 2021 во 15:32

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие направени се 5.780 тестирања и регистрирани се 588 нови случаи на ковид-19. Во Велес регистрирани се четворица нови случаи и едно починато лице на 65 годишна возраст. Во моментов бројот на активни случаи во Велес изнесува 21.

Од Министерство за здравство додаваат дека се регистрирани  26 оздравени пациенти и 8 починати лица на ниво на држава.

Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 бројката на оздравени пациенти е 150.613, на починати е 5.521, а бројот на активни случаи изнесува 3.135.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.