Четворица мажи од неготинско со дрвени предмети истепале тројца мажи од велешко и росоманец во село Дуброво
Педесет и шест годишниот Г.Д и дваесет и пет годишниот С.П вчера, во 09:45 часот и неколку часа подоцна, поточно во 13:30 заедно со дваесет и девет годишниот Ц.П и четириесет и шест годишниот И.Д, од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино по претходна пријава биле лишени од слобода.
Четворицата мажи, сите од село Пепелиште, неготинско, истиот ден, со патничко возило „ауди“ со неготински регистарски ознаки отишле на приватен имот во село Дуброво, неготинско, кадешто биле педесет и пет годишниот Ј.К, три години повозрасниот С.С, триесет и четири годишниот М.М од село Иванковци, велешко и пет години повозрасниот И.М од Росоман и со дрвени предмети ги нападнале.
Од Министерство за внатрешни работи додаваат дека во 15:30 часот, било пријавено и дека Ј.К упатувал закани кон С.П и Ц.П.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк