Црвен крст Велес: Мобилни тимови ќе вршат услуга на стари лица
Објавено на 21 ноември, 2023 во 09:51
Општинската организација на Црвен крст од Велес, годинава повторно ја воведува услугата – „Мобилни тимови за поддршка на стари лица“. Тоа значи дека од 20 ноември до 15 декември, секој работен ден во период од 09:00 до 13:00 часот ќе вршат бесплатна достава за набавка на храна, хигиенски производи како и лекови.
Сите лица од трето доба, можат да ги контактираат волонтерите на Црвен крст по што на домашна адреса ќе им биде доставена направената нарачка. Мобилните тимови за поддршка на стари лица може да ги добиете на следниот телефонски број 043/231-537.
Оваа активност е дел од одбележување на „Неделата за грижана стари лица“ којашто започна вчера, на 20 ноември и ќе трае до 26 ноември.
Стефани Манева